Луис Енрике по поразот од Ница: Верувајте ми, не сум загрижен

Пет одиграни натпревари во Лига 1 и дури седум загубени бодови е нешто на што навивачите на ПСЖ не се навикнати од својот клуб, но тоа е реалноста на парижаните оваа сезона.

„Светците“ во петокот вечерта беа поразени од Ница (2-3) на домашен терен, која ги прескокна на табелата и со девет бода ја зазема втората позиција, додека избраниците на тренерот Луис Енрике се само третопласирани.

Сепак, неочекуваниот пораз против клубот од Азурниот брег не го загрижи шпанскиот стручњак на клупата на францускиот шампион.

„Што да кажам по натпреварот, освен да му честитам на ривалот за победата. Тоа е одлична екипа која нема ниту еден пораз оваа сезона и беше подобра од нас. Се обидовме да ги оневозможиме со висок пресинг, но не успеавме. Од друга страна, нема на што се жалам од моите играчи. Дадоа сè од себе, се трудеа, се бореа и навистина не можам да се пожалам. Верувај ми, не сум загрижен“, рече Енрике.

На тимот од Париз му претстојат две исклучително тешки натпревари, еден против Борусија Дортмунд на 19 септември во првото коло од Лигата на шампионите, а потоа на 24 септември дерби дуелот од Лига 1 против Олимпик Марсеј.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Franck Haise

    4-3-3