Луис Енрике: Одиме на победа кај Спортинг, знаеме дека нема да биде лесно!

Тренерот на францускиот ПСЖ, Луис Енрике, го прокоментира претстојниот натпревар против Спортинг во Лигата на шампионите, изнесувајќи ги своите очекувања од гостувањето во Португалија

„Светците“ ги радува одличната форма на Усман Дембеле и останатите играчи во тимот, но Енрике смета дека ништо однапред не е добиено и треба да се одработи на теренот. 

„Се подготвуваме за еден тежок натпревар и го почитуваме Спортинг, тим кој има свои квалитети и игра подготвено на европската сцена. Очекуваме жестока борба, но ние сме фокусирани на нашиот план и на тоа да играме со максимална енергија и карактер.

Истовремено ќе ги искористиме нашите најсилни страни и најдобро подготвените играчи, но знаеме дека ривалот нема да ни дозволи лесно да ја оствариме целта. Сакаме да победиме во Португалија, се надевам дека ќе се радуваме на крајот“, изјави Енрике. 

Натпреварот помеѓу Спортинг и ПСЖ ќе се одигра на 20 јануари, а почетокот е закажан за 21:00 часот.