Луис Енрике: Мора да се навикнеме да играме без Мбапе, затоа го заменив!

Екипата на ПСЖ не успеа да го совлада Рен во натпреварот од 23. коло на француската Лига 1 и ремизираше со конечни 1-1, но она што најмногу ги зачуди навивачите беше потегот на тренерот Луис Енрике, кога во 65. минута го повлече од игра Килиан Мбапе

Сите помислија дека се работи за некаков замор или повреда на првата ѕвезда, но шпанскиот стратег ја објасни ситуацијата на прес-конференцијата по натпреварот. 

„Не се работеше за никаков замор или повреда. Почувствував дека треба да го извадам Килиан од игра. Тој наскоро ќе замине од тимот и мораме полека да се навикнуваме да играме без него. Секако дека ќе доведеме квалитетна замена за него во нападот, но треба да создаваме шанси и без него на теренот. 

Денес сметав дека повеќе нема потреба да игра. Не се работи за никаква казна или недоразбирање, Килиан ја прифати одлуката како врвен професионалец. Сакам да сме максимално конкурентни следната сезона и ќе се обидеме да создадеме уште посилен тим кој ќе атакува на сите можни трофеи. Потребно е трпение, но сѐ ќе биде во ред“, изјави Енрике

Првата ѕвезда на „светците“ од Париз го официјализираше договорот со Реал Мадрид и ќе стане нов играч на „кралевите“ веднаш откако ќе започне летниот преоден рок. Мбапе ќе добие огромен бонус од 150 милиони евра за потписот со Реал и се очекува да биде долгодоишна ѕвезда на најтрофејниот европски клуб.