Луис Енрике: Кварацкелија е светска класа, среќен сум што го имам во тимот!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за формата на Квича Кварацкелија по победата од 3-1 над Ле Ман во француското првенство.

Шпанскиот стратег истакна дека добрите индивидуални настапи се важни за самодовербата на фудбалерите, но го потенцираше квалитетот на Грузиецот, за кого имаше само пофални зборови.

„Секогаш е позитивно кога играчите имаат добри настапи на индивидуално ниво. Во текот на сезоната ќе има фудбалери кои ќе минуваат низ различни моменти.

Тоа е нормално и не ме загрижува. За мене најважни се менталитетот, односот и посветеноста на секој играч кон тимот.

Квича одигра неверојатен натпревар, уште еднаш покажа дека има квалитет на играч од светска класа. Пресреќен сум што го имаме во тимот“, рече Енрике. 

Кварацкелија влезе во игра во второто полувреме и го постигна голот за водство на ПСЖ од 2-1, по што Магнес Аклиуш ја потврди победата со третиот погодок.