Луис Енрике кон челниците на Барса: Доведете ми го Ријад Марез

Како што пренесува реномираниот медиум „Сан“ екипата на Барселона сериозно загризува за услугите на играчот за врска од редовите на Лестер Сити, Ријад Марез.

Според медиумот Луис Енрике им соопштил на челните луѓе на каталонскиот клуб, дека негова прва желба не е повеќе крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, туку е одличниот Алжирец, кој моментално игра во фантастична форма за провопласираниот тим во Премиер лигата. 

Познато е дека веќе подолг период Барселона има испратено свои скаути да ги следат игрите на Марез, а се шпекулира дека шпанскиот тим веќе понудил сума од 15 милиони фунти за преминот на Алжирецот во Барса.