Луис Енрике: Историски не почнуваме вака добро, велеа дека ќе ни фалат голови на овој Мундијал

Со резултат кој не доликува на еден завршен турнир на Светско првенство, Шпанија ја декласира Костарика со 7-0 и најави ѕвезден Мундијал во Катар. Критикуваниот селектор Луис Енрике ги исполни сите цели во натпреварот и ги замолкна критичаните.

„Историски гледано, Шпанија не е селекција која своите големи натпреварувања ги започнува со победа. Сепак, денес го скршивме тоа проклетство. Почнавме доста добро, доминиравме во сите аспекти на играта. Секогаш читаме дека ни недостасуваат голови, но сега сме еден од најдобрите офанзивни селекции. Тоа се факти. Имаме многу играчи кои можат да постигнуваат голови“, изјави Енрике.

Шпанија ја совлада Костарика со 7-0 во првиот осминафинален натпревар од групата Е на Светското првенство. Во второто коло в недела Шпанија ќе игра против Германија, која денес загуби од Јапонија со 1-2.

„Следниот натпревар го играме против Германија. Тие мора да победат, а мораме и ние. Вечерва ќе славиме, но од утре почнуваме да се подготвуваме за натпреварот со Германија“, заврши шпанскиот селектор.

Дури и кога единствен пат станаа светски прваци, Шпанците не победија на првиот натпревар, туку загубија од Швајцарија во Јужна Африка во 2010 година.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Luis Fernando Suarez

    5-4-1