Луис Енрике: Формата на Баерн не нѐ плаши, ПСЖ заслужува повеќе почит!

Тренерот на францускиот ПСЖ, Луис Енрике, пред натпреварот од Лигата на шампионите со Баерн Минхен, изјави дека неговиот тим заслужува победа, и покрај добрата форма на германскиот шампион.

„Светците“ ќе излезат на мегдан со баварскиот гигант и ќе се обидат да стигнат до трите бода, иако Енрике знае дека мисијата нема да биде воопшто лесна. 

“ПСЖ заслужува да му се покаже малку почит. Во моментов е јасно дека Баерн е многу силен и знаеме дека е во одлична форма, но и ние имаме свои адути и нема да се откажеме од идејата за победа.

На „Паркот на принцовите“, со нашите навивачи, имаме доволно самодоверба за да се справиме со нивниот притисок“, рече шпанскиот стратег. 

ПСЖ во моментов е лидер на табелата во Лигата на шампионите, со максимални девет бодови од три одиграни натпревари. Ист учинок има и Баерн Минхен, кој е на второто место само поради полошата гол-разлика. Натпреварот ќе се одигра на четврти ноември во 21:00 часот.