Луис Енрике: Досега на овој шампионатот не видов посилен тим од нашиот!

Ако постоеше песимизам за настапите на шпанската репрезентација пред почетокот на шампионатот, па и по првите два натпревари во групата во Севиља, сега „фуријата“ на Луис Енрике е јасен фавотит пред денешниот четвртфинален натпревар во Санкт Петерсбург против Швајцарија.

Селекторот Луис Енрике има само пофални зборови за Швајцарија, иако попладнево ќе настапи без Гранит Џака. 

„Реалноста е дека Швајцарците дојдоа до четвртфиналето заслужено. Многу добро ги познаваме од натпреварите во Лигата на нации. Стабилни се во одбраната и знаат да притискаат и напаѓаат.

Сè уште не сум одлучил дали ќе направам промени во почетниот состав. Во принцип, им верувам на сите мои играчи. Сепак, сакам да потенцирам досега на Европското првенство не видов посилен тим од нашиот“, вели стручњакот од Хихон.

Шпанија има многу млад ростер и со исклучок на Бускетс и Жорди Алба, сите останати фудбалери се производ на У21 репрезентацијата на Де Ла Фуенте: