• Зоран Мишевски
Европскиот шампион ПСЖ и англискиот гигант Челзи ќе одлучуваат за освојувачот на историската прва титула од Светското клупско фудбалско првенство.
Францускиот тим синоќа во второто полуфинале го декласираше големиот Реал Мадрид со 4-0 (3-0), во натпревар на кој хрватскиот ветеран Лука Модриќ последен пат настапи за Кралскиот клуб. Од таборот на ПСЖ блескаа од среќа од задвоволство по победата во Њујорк.
„Се чувствувам фантастично, а добивам подеднакво пораки од фанови на ПСЖ и на Барса. Ова е посебен момент за нас и треба докрај да го искористиме. Игравме по голема горештина, но и ние и Реал Мадрид дадовме максимум од нашите сили.
Дембеле го пронајде својот ритам и сметам дека ова е негова сезона. Најдобар е во светот, можам да кажам и убедливо најдобар.
Ни следи уште еден натпревар против одлична екипа како Челзи. Треба да одмориме и да го направиме одлучувачкиот исчекор пред да заминеме на одмор“, рече шпанскиот тренер на кормилото на ПСЖ.
На патот до европската титула ПСЖ ги елиминира Ливерпул, Астон Вила и Арсенал, а во групниот сегмент победи и против Манчестер Сити.



