Луис Енрике добива нов договор во ПСЖ

Првакот на Лига 1, ПСЖ ќе го продолжи договорот со тренерот Луис Енрике. Според париските медиуми преговорите меѓу клубот и тренерот уште не започнале, но се забележува дека двете страни сакаат да ја продолжат соработката. Преговорите ќе започнат во текот на тековната сезона, а актуелниот договор со Шпанецот истекува во јули 2025 година.

Луис Енрике го презеде ПСЖ во летото 2023 година. Во текот на првата година во клубот освои три трофеи и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Претходно во кариерата, Енрике работеше со Барселона. Тој го водеше каталонскиот клуб од 2014 до 2017 година и им помогна на Меси и другарите да ја освојат титулата во Примера, Купот на Кралот, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.