Лудо турско дерби: Бешикташ испушти 2-0 и загуби, Асенсио даде гол и доби шише в глава! (ВИДЕО)

Истанбулското дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче воопшто не ги разочара неутралните фанови, бидејќи понуди драма и гостинска победа со 2-3 (2-2) во 11. коло на Суперлигата. 

  • Извештај од натпреварот:

Специфично е бидејќи Бешикташ поведе со головите на Туре и Топчу, а потоа Кокчи доби директен црвен картон и тоа го смени натпреварот. До полувремето Јукшек и Асенсио донесоа израмнување за Фенер, додека во продолжението Џон Дуран ја донесе и победата. 

Асенсио ќе го памети ова дерби и по еден негативен момент. Имено, додека крилото се подготвуваше да изведе корнер доби удар со предмет од трибина в главата. 

Дури и додека лежеше во болки крај корнер знаменцето не престанаа да паѓаат фрлените предмети.