Лудо сценарио: Премиер лигата може да има 11 клубови во Европа следната сезона!

Победата на Њукасл во Лига купот им обезбеди на „страчките“ учество во Конференциската лига следната сезона, арно ама постои една луда теорија која може да значи дури 11 англиски клубови во еврокуповите следната сезона. Ова е малку веројатно, бидејќи треба да се поклопат многу резултати, ама, шансата, сепак, постои.

Што треба да се случи за Премиер лигата да даде 11 екипи во Европа?

 - Ливерпул, Арсенал, Нотингем Форест и Манчестер Сити да одат директно во Лигата на шампионите како ТОП-4 екипи. Така, Њукасл, благодарение на коефициентите на УЕФА за тековната сезона, би бил петти учесник во Лигата на шампионите доколку „страчките“ завршат зад гореспоменатите четири клуба на табелата.

 - Ако Брајтон се квалификува за Лига Европа како шестопласиран, а Борнмут заврши седми и се квалификува за Лига Европа со освојување на ФА Купот.

 - Челзи да заврши осми и да се пласира во Лига Европа со освојување на Конференциската лига.

 - Астон Вила да заврши на деветтото место на табелата и да ја освои Лигата на шампионите, што би ѝ овозможило директно место во елитното натпреварување следната сезона.

 - Манчестер Јунајтед или Тотенхем да завршат на 10-то место и да се пласираат во Лигата на шампионите со освојување на Лигата на Европа.

Доколку сето ова се оствари, местото на Њукасл во Конференциската лига би го зазела единаесеттопласираната екипа на табелата во Премиер лигата.