ВИДЕО: Лудо „Олд Фирм“ дерби со три гола, црвен картон и хепи-енд за Селтик

Третото „Олд Фирм“ дерби во Шкотска заврши со триумф на Селтик, кој на стадионот „Паркехад“ успеа да слави над Ренџерс со 2-1 (1-0).

Тимот на Стивен Џерард тешко играше против фаворитот за титулата, затоа што остана со играч помалку уште во 31. минута, кога исклучен беше Морелос.

Селтик поведе во 27. минута, по една убава соло-акција на Едуард, а Ренџерс, иако со играч помалку, се избори за изедначување во 63. минута со погодок на Кент. До трите бода Селтик дојде во самиот финиш, односно во 86. минута, кога одбраната на Ренџерс погреши, а тоа го казни Форест.

Селтик е лидер во шкотскиот шампионат, со дури 13 бода повеќе во однос на Глазгов Ренџерс.