• Зоран Мишевски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2023/11/13/4022556313267248466560022878665805484383267n.gif?itok=E4cWsLXQ)
Градското дерби на двата лисабонски клубови, Бенфика и Спортинг, донесе неверојатни емоции и пресврт. Иако губеше со 0-1 до судиското надополнување, португалскиот шампион се надмина себеси и во судиското надополнување постигна два гола и стигна до победа од 2-1.
Во последните мигови од првиот дел, по акцијата на Едвардс, на вистинското место се најде Гјокерес и ја погоди мрежата на Трубин (0-1). Целото второ полувреме мина во знакот на „орлите“, а притисокот стана уште поголем, кога најценетиот дефанзивец во „зелено-белиот“ дрес, Инасио, заработи два жолти картони и беше исклучен.
По серија шанси на момците на Роџер Шмит, во судиското надополнување се случи чудо. Се играше 94. минута, кога и голманот Трубин се пресело во казнениот простор на Спортинг. Гостинската одбрана не бранеше најдобро, топката на 6-7 метри од голот стигна до Невес, кој од непосредна близина го совлада ветеранот Адан.
„Зелено-белите“ не се ни созедоа, а во седмата минута од надополнување Тенгштед постигна гол за 2-1. Најнапред судиите го поништија голот заради офсајд, но од ВАР-собата стигна „зелено светло“ и домашните фанови почнаа да слават.
- Извештај од натпреварот:
Со оваа победа Бенфика се израмни со Спортинг на врвот со 28 бода, три повеќе од Порто.