Лудо коло во ВМФЛ: Ниеден од врвот не победи, Победа и Вардар пред опстанок! (ВИДЕО)

Дваесет и шестото коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) донесе комплетни изненадувања во горниот дел на табелата, а во долниот, скоро и да ги имаме екипите кои ќе опстанат во друштвото.

Брегалница и Македонија ЃП го одиграа дербито на денот, кое заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат 0-0. И двете екипи имаа свои шанси кои не ги искористија и така го поделија пленот.

Целата ситуација не ја искористи Башкими, кој изненадувачки беше поразен на гостински терен кај Осогово во Кочани (1-0). Киксна и Арсими, кој не го победи Детонит Плачковица и одигра 0-0.

Вардар Неготино забележа голема победа над Борец (1-0) и е пред опстанок, херој на мечот е Кирил Неделков кој погоди во 91. минута, а слична е ситуацијата и со Победа која освои три бода на гостувањето кај Вардарски (0-1) благодарение на голот на Филип Димоски во 90. минута од натпреварот во Богданци.

  • Вардарски - Победа 0-1:

Нерешено одиграа Кожуф и Беласица (1-1), мечот меѓу Саса и Новаци заврши 0-0, додека ГФК Охрид освои три бода на гости кај Скопје (2-1). 

  • Скопје - Охрид 1-2:

  • Кожуф - Беласица 1-1:

Ситуацијата на табелата е следна: Македонија ЃП е лидер со 57 бода, Башкими има 56 бода, третопласираниот Арсими има 55 бода, следи Брегалница со 52 бода. На дното, Победа и Вардар Неготино имаат по 30 бода, зад нив е Новаци со 29 бода, а на позициите кои водат во понизок ранг и бараж се Осогово (22), Борец (13) и Вардарски (11).