Лудо коло во ВМФЛ: 37 гола на шест меча, Саса броеше до ОСУМ! (ВИДЕО)

Колото во Втората македонска фудбалска лига понуди шест меча во текот на ова попладне, а беше доста ефикасно, затоа што на дуелите паднаа дури 37 гола, што веројатно ќе биде и едно од рекордните оваа сезона.

Најубедливата победа ја забележа Саса од Каменица, која со 8-1 го победи Вардар Неготино. Андреј Симевски даде четири гола за „зелените“, по еднаш погодија Ефремов, Ајрули и Алиев, додека за неготинци реализира Неделков.

  • Вардар Неготино - Саса 1-8:

Убедлив беше и Кожуф кој му нанесе дебакл на новајлијата, тимот на Преспа со 7-1. По два гола дадоа Ислами и Мемеди, а по еднаш во листата се запишаа Гугуљанов, Шаркоски и Љушев. За преспанци погоди Емуш Елмаз.

  • Кожуф - Преспа 7-1:

Брегалница во Штип исто така одигра ефиксен дуел и со 4-2 го совлада Новаци. За штипјани стрелци беа Ристе Темелков, Стефан Коцев и Карчевски Даниел, додекаа за Новааци, погодија Јовановски и Сиљаноски.

  • Брегалница Штип - Новаци 4-2:

Моќна беше Шкендија Арачиново која единствена не прими гол и со 4-0 го доби дуелот со Големо Коњари. Победата за тимот на Марковски ја донесоа Шабани, Нухија, Чурлинов и Трпески.

  • Шкендија Арачиново - Големо Коњари 4-0:

Победа во Прилеп го пречека тимот на ГФК Охрид, а победата ја однесоа „рибарите“ со 3-2. За охриѓани погодија Димитриевски, Каланоски и Глигоров, а за Победа тоа беа Петрески и Дебрешлиоски.

  • Победа - Охрид 2-3:

Со идентичен резултат 3-2 победи и Скопје во соочувањето со Осогово во Кочани. Повратникот Виктор Ангелов беше автор на два гола за „пиратите“, еднаш погоди Јорго Папули, додека за Осогово, тоа беа Марко Ефтимов и Никола Стоиловски.

  • Осогово - Скопје 2-3:

Колото во ВМФЛ ќе се комплетира со уште два дуели, тоа се Тетекс - Слога Виница и Беласица - Детонит Плачковица закажани во недела. На врвот во чекор остануваат Брегалница, Шкендија и Кожуф со по десет бода, зад нив е Беласица со седум бода но и меч помалку. Единствен во четири кола бодови нема Големо Коњари. Пред него е Победа со еден бод.