Лудо дерби: Алиоски и Лидс со супер-пресврт ја победија Астон Вила! (ВИДЕО)

Екипата на Лидс Јунајтед останува на врвот во англиската Чемпионшип лига затоа што во дуелот со Астон Вила, направи луд пресврт и успеа да победи со 2-3 (2-0).

Иако на полувремето Лидс имаше негатива од два гола, сепак, во вториот дел одигра фантастично и направи супер-пресврт, за да запише нови три бода во англиската второлигашка конкуренција.

Абрахам и Хурихан тресеа мрежи за Астон Вила, а во вториот дел следеше еден нов Лидс. Прво Кларк погоди за 2-1 во 56. минута, за во 61. минута да следи изедначување преку Јансон. Во самиот финиш, поточно 95. минута, Алиоски нафрли, а топката од еден противнички играч се одби до Руф, кој даде гол и донесе супер-пресврт победа за гостите.

За Лидс Јунајтед ова е 14-та победа во Чемпионшип лигата. Тимот е на врвот со 48 бода, еден повеќе од Норич, а во наредното коло ќе биде домаќин на Блекбурн.