Лудо црноморско дерби во Турција кое ги остави сите во шок!

Вистинска фудбалска драма приредија Ризеспор и Трабзонспор во натпреварот од деветтото коло на турската Суперлига. Во неверојатното црноморско дерби, исполнето со голови и пресврти, Трабзонспор славеше со 4-3, иако домашниот тим на полувремето имаше предност од два гола.

Спектакуларен натпревар се одигра во Турција, а Трабзонспор успеа да слави на гостувањето кај Ризеспор по голем пресврт во второто полувреме. Ризеспор одлично го отвори натпреварот и веќе во 12. минута стигна до водство. Митхат Пала проби по десната страна и ја испрати топката во казнениот простор, каде што најдобро се снајде Џенаро Борели и ја затресе мрежата. Истиот фудбалер повторно беше прецизен во 32. минута, овојпат по брза контра и асистенција на Адедире Мебуде, па домашниот тим на паузата замина со убедливи 2-0. Сепак, во продолжението следуваше неверојатен камбек и пресврт на Трабзонспор во само осум минути.

Мелих Кабасакал намали на 2-1 во 49. минута, а само една минута подоцна Арал Шимшир погоди за израмнување. Гостите не застанаа тука, па Франкулино во 57. минута го комплетираше големиот пресврт и му донесе водство од 3-2 на Трабзонспор. Ризеспор не се предаваше и во 68. минута повторно стигна до израмнување. Казим Лаци со одличен удар од далечина погоди за 3-3 и предизвика ерупција на воодушевување на трибините. Натпреварот така влезе во драматична завршница по шест постигнати гола. На крајот, Трабзонспор стигна до победата од 4-3. Во 83. минута Франкулино повторно ја затресе противничката мрежа и му донесе триумф на својот тим.

Навистина неверојатен натпревар одиграа двата тима, а публиката имаше можност да ужива во вистински фудбалски спектакл.