ВИДЕО: Монца израмни во 92. минута, но Јуве пак победи и го запоседна врвот

Ремито со големиот ривал Интер е заборавено – фудбалерите на Јувентус им се вратија на победите во Серија А. На отворањето на 14. коло од италијанскиот шампионат, „старата дама“ на гостински терен по луд финиш го совлада тимот на Монца (1-2) и одново го презеде врвот на табелата од „нероаѕурите“. Но, Интер има еден натпревар помалку, в недела против шампионот Наполи.

  • Извештај од натпреварот:

Јувентус оваа сезона остана без настапи на меѓународна сцена, па сите сили и мисли ги насочи кон домашното првенство и досега одлично му оди. Момците на Алегри играат како во шампионските сезони, но вечерва до посакуваната победа стигнаа потешко од очекуваното и во судиското надополнување.

Резултатот во Монца го отвори францускиот играч за врска Адриен Рабио, кој погоди во 12. минута. Но, треба да се напомене дека една минута претходно Душан Влаховиќ одново им отвори можност на критичарите да го „плукаат“, бидејќи прво не реализира пенал, а потоа, на одбиената топка не погоди од чиста позиција. 

  • Нереализираниот пенал на Влаховиќ против Монца: 

Јувентус минималната предност ја чуваше цели 80. минута, поточно до втората минута од судиското надополнување, кога Карбони израмни на 1-1, за огромна радост на трибините. Но, таа траеше само три минути, затоа што по одлична акција на Рабио и Гати, Италијанецот со голема доза на среќа ја погоди целта и донесе важна победа за својата екипа (1-2).

Дуелот со Монца за Јуве беше еден вид предигра за она што го очекува следниот викенд - уште едно големо дерби. Овој пат против нашиот Елмас и Наполи. Монца, пак, го впиша четвртиот пораз и падна на десеттата позиција.

Состави

Рафаеле Паладино

3-5-2

    Масимилијано Алегри

    3-5-2