Лудница во холандската елита: Играа со 12 играчи, па дадоа гол за реми

Луда ситуација се случи во холандската Ередивизие, откако еден клуб заигра со 12 играчи на терен, а веднаш по тој бизарен момент даде и гол за израмнување.

Целиот момент се случи на мечот меѓу Херенвен и Фортуна Ситард. Средбата заврши со резултат 2-2, гостите дојдоа до бодот во 90. минута, а минута пред тоа претходеше бизарна ситуација.

Триесетина секунди гостите играа со 12 играчи на терен. Како дојде до целиот момент? Џонсон и Грујичиќ требало да влезат за гостите, а Фосо и Далхаус да ја напуштат играта. Фосо го напррави своето, ама не и Далхаус.

Повеќе од половина минута судиите не го забележаа тоа. Сепак, играчот го напушти теренот од аут-линијата, ама веднаш по тој момент, Фортуна дојде до реми. Тренерот на Херенвен, Робин ван Перси, беше премногу лут за овој момент и бараше голот да биде поништен, ама не го доби тоа.

Состави

Henk Brugge

4-2-3-1

    Danny Buijs

    4-2-3-1