„Лудница“ во Холандија: Феенорд реши да ги казни сопствените навивачи!

Холандскиот клуб Феенорд презеде сериозни мерки по инцидентите на натпреварот против Камбур (2-5) и им забрани на своите навивачи да присуствуваат на следните два натпревари на гостински терен.

Навивачите на клубот од Ротердам предизвикаа големи проблеми во текот на последниот првенствен меч, откако користеа пиротехнички средства, а дел од факлите завршија на теренот и на трибините кај неутралните гледачи. 

Последиците биле сериозни. Неколку навивачи на Камбур биле повредени, при што меѓу најтешките повреди има оштетувања на очите, изгореници и проблеми со слухот.

Покрај интерната казна од клубот, Феенорд се соочува и со дополнителна санкција поради однесувањето на своите навивачи, а најавена е и жестока казна од УЕФА.