• Горан Упале
По две сезони поминати во втората лига на германскиот клупски фудбал, екипата на Шалке 04 се врати во Бундеслигата.
Во натпреварот од 32. коло на Цвајте, екипата од Гелзенкирхен славеше над Фортуна од Дизелдорф со минимален резултат од 1-0 на својот стадион, со што стекна недостижна предност пред конкурентите и се врати во елитните редови на германскиот клупски фудбал.
Автор на погодокот вреден победа и пласман во Бундеслигата беше Кенан Караман во 15. минута од натпреварот.
Со овој триумф, Шалке стигна до девет бода предност пред Падерборн, како и десет пред Хановер, што значи враќање во елитата по две години пауза.





