ВИДЕО: Лудница во Брајтон - домаќинот поведе, Агуеро и Лапорт стрелаа за брз пресврт

Лапорт

Екипата на Манчестер Сити стигна до посакуван пресврт на гостувањето кај Брајтон.

Во трката за титулата во Премиер лигата, „граѓаните“ имаат императив само победа со која ќе останат на безбедна предност пред Ливерпул.

Шок за гостите донесе Глен Мареј во 27. минута кој скокна највисоко по еден корнер и го совлада Едерсон.

Радоста на навивчите на „црвените“ траеше само неколку моменти, бидејќи Серхио Агуеро возврати и во следната акција израмни на 1-1.

Целосен пресврт пред паузата донесе Ајмерик Лапорте кој го искористи центаршутот на Ријад Марез и го израдува Пеп Гвардиола.