Лудница од гол: Ова го може само Меси од слободен удар! (ВИДЕО)

Ѕвездата Лионел Меси уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, откако постигна спектакуларен гол од слободен удар на натпреварот меѓу Интер Мајами и Колумбус Кру.

Аргентинецот погоди од речиси невозможен агол. Наместо да нафрли од слободниот удар покрај десната аут-линија, Меси се одлучи директно да шутира кон голот и со прецизен удар со левата нога ја испрати топката над живиот ѕид и во спротивниот горен агол, со што го остави голманот Патрик Шулте без никакви шанси.

Со овој погодок, 39-годишниот Аргентинец стигна до вкупно 76 голови од слободен удар во официјални натпревари во својата кариера, настапувајќи за Барселона, Пари Сен Жермен, Интер Мајами и аргентинската репрезентација.

Меси сега е на само два гола од рекордот кој најчесто му се припишува на легендарниот Бразилец Марселињо Кариока, кој има 78 директни погодоци од слободни удари.