• Иван Димовски

Бретог на Слоновата Коска по сé го искористи домашниот терен и вo неделата во Абиџан го крена трофејот на Африканскиот Куп на нации. Селекцијата која во минатото од теренот ја предводеше Дидие Дрогба и уште неколку легенди од европскиот „крем“ одигра неверојатен турнир, кој на крајот го круниса со третиот трофеј шампион на „црниот“ континент.
Сè тргна со единствената победа во групната фаза, над аутсајдерот Гвинеја Бисау (2-0). Потоа следеше кошмар за Брегот на Слоновата Коска, минимален пораз од Нигерија (0-1) и дебакл против Екваторска Гвинеја (0-4). Чекајќи ги резултатите од другите групи и тресејќи се, домаќините му врачија отказ на Жан Луис Гасет. Среќата посака да го фатат „последниот воз“ за плеј-офот
И во нокаут рундите следеше многу драма. Во осминафиналето налетаа на бранителот на тронот Сенегал, во финишот на натпреварот се вратија до егал и изборија продолженија, па на пенали минаа понатаму. Слично беше и против Мали во четвртфиналето. Брегот на Слоновата Коска со гол во 90. минута избори продолженија и пак по пенал-рулет мина понатаму.
Тогаш на сцена стапи човекот кој го победи ракот, асот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але. Во полуфиналната фаза Але го даде единствениот гол против ДР Конго. Потоа во финалето домаќините губеа 0-1 од Нигерија, па со головите на Франк Кеси и Але дојдоа до пресврт, победа, трофеј и огромно славје во Абиџан.
Нема сомнеж, патот на оваа селекција до африканскиот трон е со филмска приказна...