• Саше Љолес
Жозе Мурињо не би бил „специјален“, ако не го привлече вниманието со некој „луд“ потег, а овој пат доби црвен картон на натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Португалецот во 85. минута жестоко бараше втор жолт картон за Винициус Жуниор, но наместо тоа, судијата Франсоа Летексие му покажа нему црвен картон.
Славниот тренер мораше да замине да го догледа мечот од трибините, а воедно нема да може да седи на клупата и на реваншот во Мадрид за осум дена. Реал Мадрид победи во Лисабон со минимални 0-1.









