ВИДЕО: Лудиот Бакајоко го опцу Гатузо и одби да влезе во игра!

Тиемуе Бакајоко, фудбалерот на Милан, направи голем скандал на натпреварот против Болоња, откако одби да влезе во игра и воедно го опцу тренерот на тимот Џенаро Гатузо.

Бакајоко е во клинч со Гатузо затоа што доби казна поради доцнење на тренинг. Во 26. минута се повреди Лукас Биља, а популарниот „Рино“ го испрати Бакајоко на загревање. Тој се шеташе по теренот, трчаше полека, а кога доби наредба да влезе, му рече „е*и се“ на Гатузо.

Италијанскиот стратег збесна, но успеа да се контролира. Урнебесна е реакцијата на Кутроне на клупата на Милан, по зборовите на Бакајоко, затоа што остана во шок, со подотворена уста.

Милан победи во натпреварот против Болоња (2-1), а Бакајоко сигурно го чека нова санкција од „росонерите“.