ВИДЕО: Лудило во Романија - изведуваа пенал ТРИ ПАТИ, ама пак не дадоа гол!

Романската втора лига понуди интересен момент на натпреварот меѓу Петролул и Рапид Букурешт кој заврши без голови (0-0). Домаќинот доби најстрога казна и тоа ја изведуваше три пати, а не погоди ниту еднаш. 

Екипата на Петролул доби пенал во 67. минута, кој беше одбранет од младиот голман Попа го одбрани ударот. Сепак, судиите досудија дека прерано ја напуштил гол линијата. 19-годишникот го одбрани и вториот удар од нов изведувач, а одлуката беше иста и Петролул доби и трет пенал кој заврши далеку над голот.

  • Драмата и пеналите на Петролул: 

Уште поинтересна ситуација се случи со голманот Попа, кој доби жолт картон за својата реакција по првиот одбранет удар од белата точка, а потоа и исклучување при вториот па на терен мораше да влезе резервниот чувар на мрежата.