• Горан Упале
Екипите на Лацио и Атлетико Мадрид се сретнаа во рамките на првото коло од групата Е на Лигата на шампионите на стадионот „Олимпико“ во Рим. Гостите од Шпанија се покажаа како подобар ривал и долго време имаа минимално водство, но на крајот Лацио израмни преку голманот Проведел, за конечни 1-1.
„Јорганџиите“ на Диего Симеоне поведоа со 0-1 уште во првото полувреме, откако Пабло Бариос го најде патот до домашната мрежа во 29. минута од натпреварот. Мадриѓаните минимално водеа на паузата, а предноста ја загубија дури во 94. минута.
Лацио прикажа подобра игра во вторите 45 минути, но и покрај петте обиди кон голот, не успеаваше да го матира голманот Јан Облак. Римјаните сепак не се предаваа и успеаја да израмнат на неверојатен начин, со гол на голманот Иван Проведел во последните секунди од натпреварот, за конечни и 1-1 на овој возбудлив натпревар.
- Голот на Проведел против Атлетико Мадрид:
Гостинскиот тренер Диего Симеоне беше многу лут на судиите, затоа што дозволија да се игра повеќе од четири минути надополнување, но го покажа својот бес и кон своите играчи, кои примија навистина несреќен гол. Истиот погодок донесе огромно славје во спротивниот табор и Лацио успеа да остане непоразен на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
- Извештај од натпреварот:
Во рамките од оваа група вечерва се одигра уште еден натпревар, на кој Феенорд беше сигурен против Селтик (2-0).