• Иван Димовски

Екипата на Холштајн Кил првпат ќе заигра во новиот формат на Бундеслигата, откако во 33. коло на Цвајте го освои потребниот бод во дербито со Фортуна Дизелдорф (1-1).
Натпреварот на „Холштајн Стадион“ во Кил заврши со реми, а тоа значеше дека на коло пред крајот Кил има осигурано барем второ место на табелата. Крајот на мечот значеше и почеток на лудото славје, а тоа резултира со преплавен терен полн со навивачи. Фудбалерите заедно со симпатизерите го славеа пласманот во германската елита.
Инаку, Холштај Кил во својата историја има и една титула во далечната 1912 година, меѓутоа по светските војни клубот беше во голем пад. Во новиот милениум и по спојувањето на Германија, главно Кил настапуваше во третата и четвртата лига.
Во сезоната 2017/18 првпат се врати во Цвајте, а по седум сезони во ова натпреварување конечно се избори и за излез во Бундеслигата.