• Иван Димовски
Архус ја освои шампионската титула во Данска за првпат по 40 години и на тој начин стави крај на долгата суша без трофеј во домашното првенство. Во дербито на сезоната Архус славеше над Брондби со 0-2 и едно коло пред крајот математички го обезбеди трофејот.
На коло пред крајот Архус има 64 бода, четири повеќе од Митјиланд, и стигна до шестата титула во клупската историја, прва уште од 1986 година.
Danish team Aarhus have won their first league title in 40 YEARS! Look what it means to the players. Historic moment. pic.twitter.com/DQu44NCBy1
— EuroFoot (@eurofootcom) May 10, 2026
Успехот е уште поголем ако се знае дека минатата сезона клубот беше во сериозна криза, со седум последователни порази во плеј-офот и големи финансиски проблеми поврзани со изградбата на новиот стадион. Сепак, од момент кога доцнеа платите и имаше висок долг, клубот дојде до спротивната страна и го обезбеди шампионскиот пехар.
По последниот судиски свиреж улиците на Архус беа преплавени од навивачи кои го прославија еден од најголемите успеси во историјата на клубот.



