ВИДЕО: Лудило во Белорусија, Шахтјор Солигорск со гол во 92. минута слави титула по 15 години

Вистинско фудбалско лудило попладнево се случи во Белорусија. Екипата на Шахтјор Солигорск е нов шампион во белоруската Прва лига, откако во последното коло успеа да запише победа на дуелот со Минск и тоа со погодоци во 92. и 97. минута од натпреварот (4-2). 

Но, клубот од Солигорск до трофејот по пауза од 15 години не стигна благодарение само на денешната победата, туку и на неочекуваниот кикс на Бате Борисов против Динамо Минск. Долгогодишниот шампион на Белорусија одигра само 0-0 против ланскиот првак, со што му ја отспати лидерската позиција на Шахтјор, а со тоа и трофејот од домашниот шампионат. 

Славјето на фудбалерите и навивачите на „Строитељ“ беше огромно, сите заборавија на короната и лудо го прославија големиот успех на клубот.