СПЕКТАКЛ: Шест гола од кои три во финишот, глупав црвен картон и реми на Леванте и Севиља!

Леванте и Севиља одиграа спектакуларен натпревар со шест гола и ремизираа 3-3 во осмото коло на шпанската Примера. Гостите имаа предност од два гола, но домашниот тим се врати во игра, а по новиот погодок на Севиља во судиското надополнување, Леванте повторно се спаси од пораз.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите поведоа во 13. минута, кога Роби Уре ја искористи грешката на одбраната на Леванте, го заобиколи голманот Метју Рајан и ја испрати топката во мрежата. Севиља ја продолжи добрата игра и во вториот дел, па во 54. минута Феликс Кореа ја зголеми предноста на 0-2, откако погодокот беше потврден по интервенција на ВАР.

Леванте веднаш одговори. Само три минути подоцна, Иван Ромеро ја искористи невнимателноста на одбраната на гостите и намали на 1-2, со што повторно го отвори натпреварот. Домашните продолжија да притискаат, а во 92. минута Адријан де ла Фуенте, познат како Дела, постигна прекрасен гол по одбиена топка и донесе израмнување за 2-2.

Лудилото продолжи, во 95. минута Исак Ромеро ја искористи шансата и донесе водство, а потоа „поцрвене“ поради провокација кон навивачите. Сепак, драмата не заврши со погодокот на Ромеро. Леванте не се предаде и во самиот финиш успеа да постигне уште еден гол за конечни 3-3. Домашниот тим се спаси од пораз во неверојатен натпревар со шест погодоци, во кој Севиља прокоцка предност и на крајот остана без победа.