ВИДЕО: Лудило на Лалатовиќ – се крстеше, па се закануваше со колење!

Екипата на Војводина успеа да победи кај Раднички Ниш (1-2), а тренерот на новосаѓани, Ненад Лалатовиќ имаше неверојатен испад.

На мечот стратегот на гостите, кој некогаш беше миленик на домашниот тим затоа што го водеше тимот, доби исклучување кое тешко му падна, па почна да се прекрстува. Гледаше кон трибината, влезе во конфликт со некој од навивачите и му се закани дека ќе му го пресече вратот и дека е готов.

  • Моментот на лудило на Лалатовиќ:

Ненад Лалатовиќ пристигна во Војводина оваа година, а една сезона претходно работеше во Раднички Ниш и го водеше тимот до историски успех.