Лудило кое Англија не го памети: Шефилд се врати од 0-4 и обезбеди виза за „Вембли“

Невиден спектакл донесе фудбалски натпревар синоќа во Шефилд! Тоа е можеби единствениот начин да се опише реваншот од полуфиналето на плеј-офот во Лига 1 помеѓу Шефилд Венздеј и Питерборо.

Шефилд Венздеј направи спектакуларен кам-бек и го нокаутира Питерборо. Беше 4-0 по 90 минути, 5-1 по продолженијата и 5-4 по пеналите. Шефилд е единствениот тим во историјата на плеј-офот во англиската фудбалска лига кој го загуби првиот натпревар од плеј-офот со четири гола разлика и сепак успеа да помине.

Питерборо славеше со 4-0 во првиот натпревар и беше речиси во финалето и планираше патување на „Вембли“. Но, Шефилд успеа да ја анулира таа негатива од четири гола и да го испрати натпреварот во продолжение. И тоа со гол во осмата минута од судиското надополнување.

Резултатот го отвори Смит по успешно реализиран пенал, во 25. минута Грегори зголеми на 2-0, Џејмс во 71. минута погоди за 3-0, додека целосен шок за гостите пристигна во осмата минута од продолжението, откако Палмер стрелаше за 4-0.

И тоа не беше крајот. Се играше 105. минута кога Грегори си постигна автогол и во тој момент Питерборо го имаше финалето во џебот. Предноста од пет разлика траеше до 112. минута, кога Петерсон постигна гол за 5-1 и ново израмнување на овој натпревар ако се гледа вкупниот резултат. На крај патникот на „Вембли“ беше решен по изведувањето на пеналите, а поуспешни беа фудбалерите од Шефилд кои ги погодија сите пет удари од единаесет метри. 

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Барнсли и Болтон. Првиот натпревар заврши со резултат 1-1, а вториот е закажан за в петок.