• Мартин Танасковски
Репрезентацијата на Бразил со тешка мака го одбрани домашниот терен, победи со Колумбија (2-1) и во добра атмосфера патува за Аргентина во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
- Бразил - Колумбија 2-1:
Беше тоа една вистинска битка како во старите добри времиња, кога Бразил и Колумбија играа големи дербија. Двата тима водеа тешка борба на теренот, па ако се земат предвид случувањата, можеби и ремито ќе беше најреален исход.
Шанси за голови многу немаше, а двата први кои паднаа, беа во првото полувреме. Се играше 6. минута кога Бразил дојде до водство од пенал. Стрелец беше Рафиња, кој ја продолжи топ-формата, а најстрогата казна ја изнуди Винициус. Сепак, Колумбијците се вратија во мечот преку Луис Диаз пред паузата, односно во 41. минута.
Во второто полувреме Бразил ја имаше најдобрата шанса преку Рафиња, кога во 53. минута Варгас одлично одбрани, а Колумбија, пак, постигна гол во 64. минута, ама ѝ беше поништен заради офсајд. До крајот на мечот домаќинот напаѓаше, а го скрши отпорот во 99. минута кога Винициус Жуниор погоди за големи три бода и тоа на спектакуларен начин со шут од далечина по додавање на Рафиња.
Vinícius Júnior arrisca de fora da área pra recolocar o Brasil em vantagem! Brasil 2x1 Colômbia
O relato é de Paulo Andrade. Confira:
Sigam-nos para assistir os gols da rodada. pic.twitter.com/ZHsbmyWTgW
— Papo de Boleiros (@_papoboleiros) March 21, 2025
Бразил со оваа победа скокна на второто место на табелата во квалификациите за СП 2026 со 21 бод. Во следното коло гостува кај Аргентина. Колумбија, пак, е шеста со 19 бода и четири порази во последните пет кола.
Во квалификациски натпревар во текот на ноќта, Перу со 3-1 дома ја победи Боливија и остана во игра за СП 2026.






