ВИДЕО: Луди три минути на „Амекс“ – „паненка“ од пенал, па капитенска реакција на Мегвајер

Фудбалерите на Брајтон заслужено стигнаа до почетна предност на домашниот дуел против Манчестер Јунајтед.

По две погодени стативи на стартот, домашната екипа искористи пенал преку Нил Мопеј и му зададе удар на фаворитот. Бруно Фернандеш направи фаул за најстрога казна, која домашниот напаѓач со прекрасна „паненка“ го надмудри Давид Де Хеа.

Само што тргнаа во напад, „црвените ѓаволи“ се вратија во игра и погодија за 1-1. Капитенот Хари Мегвајер погоди по асистенција на Немања Матиќ.

Екипите покажаа отворен фудбал во првите 45 минути, во кои сепак подобар ривал беше Брајтон.