• Горан Упале
Второто полувреме од дербито меѓу Јувентус и Милан во Торино започна спектакуларно и малку фалеше двете мрежи да бидат затресени за краток период.
По само две минути игра во продолжението, гостинскиот голман Мањан со страшен рефлекс му одбрани зицер на Гати и со сочува својот гол.
- Одбраната на Мењан:
Само пет минути подоцна Милан ја имаше најголемата шанса за отворање на резултатот. Пулишиќ ја намести топката на белата точка, но се посрамоти, откако топката заврши високо над голот на Јуве.
- Промашениот пенал на Пулишиќ:
Инаку, дербито во Торино не донесе атрактивен фудбал и возбудувања во првото полувреме.

