• Саше Љолес
Ханси Флик и неговата Барселона го здробија Реал Мадрид во првото сезонско „Ел Класико“ со убедливи 0-4, а шпанските медиуми не престануваат да пишуваат за начинот на кој каталонскиот гигант го совлада големиот ривал.
Фудбалерите на Реал, а особено Килиан Мбапе, многупати влегуваа во офсајд-замки и често си ги упропастуваа добрите акции, а на овој пристап инсистирал токму Флик, чиј коментар во соблекувалната привлече големо внимание во спортската јавност.
Германецот на паузата им рекол на играчите да не се откажат од овој начин на игра и се заканил дека ако некој отстапи од договореното, веднаш ќе биде прекомандуван на клупата за резерви.
Тој начин на размислување и таквиот пристап ги доведе „кралевите“ до чести грешки во клучните додавања, а на крајот Барса успеа комплетно да го надигра ривалот и да слави со огромни 0-4.