„Лудакот“ Биелса призна: Испратив човек за да го шпионира тренингот на Дерби!

Биелса

Лидерот во Чемпионшип, Лидс Јунајтед, го победи Дерби Каунти во рамки од 27. коло и ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Менаџерот на екипатa во која што настапува нашиот Езџан Алиоски, Марсело Биелса, за англиските медиуми отворено говореше за инцидентот кој му претходеше на средбата. Еден член од неговиот клуб бил испратен да го шпионира тренингот на противникот, што беше потврдено од страна на аргентинскиот тренер.

„Вистина е дека имаше човек од наша страна. Јас сум одговорен за инцидентот. Не е важно дали е легално или не, дали е правилно или не. За мене доволно е што Франк Лампард почувствува дека тоа не беше во ред од моја страна. Без да барам оправдувања, јас го користам овој метод од 2001 година. За мене тоа не е нелегално, сум зборувал и порано во јавност, но доколку за англискиот фудбал тоа е недозволиво, тогаш ќе мора да се адаптирам на тоа, бидејќи тука работам“ , изјави 63-годишникот од Розарио.

Во следното коло, Лидс Јунајтед ќе му гостува на екипата на Стоук.