„Лудакот“ Абреу пронајде 29-ти клуб во кариерата - ќе игра за уругвајски Бостон Ривер!

Се сеќавате ли на поранешниот уругвајски репрезентативец, Себастијан Локо Абреу? Денес има скоро 43 години и уште е активен фудбалер, а од денес и нов светски рекордер. Уругвајскиот нисколигаш Бостон Ривер е нова средина на „Лудакот“, што е негов 29-ти клуб во кариерата и продлабочување на легендата. 

Со 29 клубови во кариерата, Абреу е неприкосновен, а најблиску до него е поранешниот германски голман Луц Фанештил, кој сменил 25 екипи.

Во Европа, Абреу се прослави играјќи за Депортиво Ла Коруња и Реал Сосиедад, играше и во грчки Арис и Беитар од Ерусалим. Пред да ја прифати понудата на Бостон Ривер, Абреу започна со тренерски занает и ја водеше екипата Санта Текла од шампионатот на Ел Салвадор. Со Абреу на клупата, оваа екипа го освои националниот Куп.