ВИДЕО: Лудата ВАР-одлука која може да ја реши Примера – наместо пенал за Реал, насјтрога казна за Севиља!

Дали шампионатот на Шпанија се одлучи во лудата 74. минута од натпреварот Реал Мадрид - Севиља на „Алфредо ди Стефано“ ов Мадрид? Имено, судијата Мартинез Мунуера имаше тешка задача и донесе тешка одлука кога се „кршеше“ резултатот.

При 1-1 беше досуден пенал за Реал Мадрид заради прекршокот на Боно врз Бензема, но по прегледувањето на снимката и по повикот од ВАР собата, главниот судија го поништи пеналот и досуди најстрога казна за Севиља, заради играта со рака на Милитао, во акцијата која му претходеше на пеналот за Реал.

  • Спортниот момент на натпреварот Реал Мадрид - Севиља: 

„Кралевите“ одиграа 2-2 на домашен терен и пропуштија шанса да избијат на врвот на табелата во Примера.