ВИДЕО: Луда завршница во Лиеж - лоша комуникација, спринт на гол-линија и епско промашување

Возбудлива завршница донесе синоќешниот натпревар од 5. коло на Лига Европа во Белгија, помеѓу Стандард Лиеж и Севиља, кој заврши во полза на домашната екипа. 

Џенепо Муса погоди во 62. минута и донесе предност за белгискиот претставник, а победата можеше да биде уште поубедлива да не се случеше неверојатното промашување во надополнувањето од натпреварот.

Една долга топка од еден домашен дефанзивец предизвика недоразбирање меѓу Кјаер и Вацлик, што го натера чешкиот голман да спасува од гол-линијата. Топката повторно заврши во нозете на домашните фудбалери, кои ја погодија стативата и пропуштија одлична шанса за втор гол во мрежата на Севиља.

Погледнете ја лудата завршница во Лиеж: