Луда завршница во Киев: Бриж со гол во 97. минута го потврди плеј-офот во ЛШ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Киев и Клуб Бриж го одиграа највозбудливиот натпревар од досегашниот дел од квалификациите за Лигата на шампионите. 

По досадниот меч во Белгија и победата на домаќинот од 1-0, вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Киев гледавме вистински фудбалски спектакл, зачинет со шест гола и среќно реми за Бриж (3-3).

  • Извештај од натпреварот: 

Со овој резултат обезбеден длабоко во судиското надополнување, односно во 97. минута, Бриж обезбеди последен филтер за групната фаза на Лигата на шампионите, а овој натпревар го прави посебен фактот што Динамо во 92. минута поведе со 3-2 и имаше шанса да стигне до сензација, но не за долго, затоа што Опенда во 97. минута донесе молк кај домашните фанови. 

Покрај Опенда, головите за Бриж ги постигаа уште Дели и Вормер, додека за Украинците стрелаа Бујалски, Шепелев и Мешеле (автогол). 

Екипата на АПОЕЛ приреди сензација во Азербејџан и со 0-2 го елиминира Карабах, додека Розенборг со убедливи 3-1 славеше над Марибор и обезбеди последна рунда во квалификациите.