• Горан Упале
Неописливото славје на фудбалерите и фановите на Милан по големиот пресврт во финалето на италијанскиот Суперкуп против градскиот ривал Интер. Дербито на Милано во Ријад заврши со победа на фудбалерите на Милан од 3-2, иако шампионот на Италија имаше водство од 0-2.
Ова беше само втор натпревар на клупата на Милан за Португалецот Серџо Консеисао, некогашниот играч на Интер, кој очигледно суштински ја подобри играта на „росонерите“.
По натпреварот во Ријад и по доделувањето на пехарот имаше луда забава во соблекувалната на Милан. Особено расположен беше токму португалскиот тренер, кој танцуваше со пура во уста и ги забавуваше фудбалерите.
Oi, oi, oi #InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/4sU4tnqwMz
— AC Milan (@acmilan) January 6, 2025
Творци на големата победа на Милан беа Тео Хернандез, Кристијан Пулишиќ и Тами Абрахам.