Луда сцена во две минути: Влезе во игра, пожолте, па – поцрвене!

Неверојатни сцени ни доаѓаат од германската Бундеслига. На натпреварот помеѓу Келн и Хамбургер, се случи нешто што навистина ретко се гледа во фудбалот. 

Треба да се провери, но можно е гостинскиот играч Имануел Фераи да постави нов неславен рекорд во лигата. Доби шанса да втрча на теренот во 77. минута, и успеа да го направи невозможното. 

Најпрво заработи прв жолт картон во 78. минута, а веднаш потоа направи нов несмасен лизгачки старт, по кој судијата му го покажа патот кон соблекувалната. Фераи имаше проблем и со лизгавиот терен, но тоа не е оправдување за двојната грешка што ја стори за само 120 секунди.