Луда последна минута: Стрелецот Окампос му одбрани зицер на голманот Дмитровиќ (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Севиља и Еибар ќе се памети по еден детаљ кој многу ретко се гледа на фудбалските терени. Домашната екипа водеше со 1-0, со голот на Окампос, а во 95. минута голманот Вацлик сериозно се повреди. Со оглед на тоа што Лопетеги ги изврши сите пет замени, на голот застана токму стрелецот на голот, Лукас Окампос.

Преостана само уште еден аут за гостите, па и голманот Марко Дмитровиќ дојде да помогне во нападот. Среќно топката стигна до српскиот голман, кој биеше од неколку метри, но Окампос, рефлексно со нога му одбрани.

  • Одбраната на Окампос по ударот на Дмитровиќ: 

Окампос е повторно јунакот на Севиља, и тоа и заради тоа што постигна, но и заради тоа што спаси чист гол.