• Горан Упале

Фудбалерите на Шкендија и Башкими ефикасно го отворија единствениот денешен натпревар од 16 коло во Првата македонска фудбалска лига.
По само седум минути игра, се затресоа двете мрежи. Први на погодок се радуваа гостите од Тетово кои со автоголот на Алими поведоа со 0-1.
Но, радоста на тетовчани не траеше долго, затоа што само три минути подоцна Пановски одлично проби во десната страна и центрираше до Алексовски, кој од непосредна близина биеше прецизно и израмни на 1-1.
Во првиот меѓусебен дуел оваа сезона победа извојува Шкендија со 2-1.

