Луд пресврт во МЛС: Интер од 3-0 до пораз, Охеда го украде шоуто на Меси (ВИДЕО)

Сè помалку внимание обрнуваме на МЛС лигата, а таму очигледно се игра сè подобар фудбал, што се покажа со синоќешното дерби во Флорида помеѓу Интер Мајами и Орландо, во кое тимот на Лионел Меси прокоцка предност од три гола и загуби со 4-3.

Ништо не укажуваше дека ќе биде така по првото полувреме, бидејќи Меси и неговите соиграчи имаа сигурно и убедливо водство, кое по природа на работите би било недостижно дури и за тимови многу помоќни од Орландо. 

Но, тогаш на сцена стапи неверојатниот Мартин Охеда, кој со хет-трик и асистенција за победничкиот гол беше најзаслужен за славјето на гостите од Орландо. Головите на Интер ги постигнаа Фреј, Сеговија и Меси.