ВИДЕО: Вилсон даде гол за ПАМЕТЕЊЕ со пета, Фулам по пресврт го „расплака“ Брентфорд

Фудбалерите на Фулам конечно ги израдуваа своите фанови откако во малото лондонско дерби со Брентфорд по луд финиш и голови во судиското надополнување стигнаа до големи три бода. Во последниот натпревар од десеттото коло во англискиот шампионат конечниот резултат на „Крејвен Котиџ“ беше 2-1 (0-1) за Фулам.

Домашниот тим во овој натпревар влезе со императив за победа и пред својата публика да докаже дека лошиот период е минато. Токму тоа и се случи, иако до самиот финиш настаните на теренот не го укажуваа тоа. Сепак, во прав момент блесна некогашниот талент на Ливерпул, Хари Вилсон, кој со два гола стана херој на „белите“.

Резултатот во Лондон беше отворен во 24. минута, кога германскиот интернационалец Јанелт со прекрасен погодок од далечина го совлада Лено и на Брентфорд му донесе водство од 0-1. Овој резултат беше активен до самиот финиш, поточно до втората минута од продолжението, кога Вилсон со гол за паметење со пета израмни на 1-1.

  • Извештај од натпреварот:

Пет минути подоцна истиот фудбалер одново го најде патот до противничката мрежа и на својот тим му донесе огромна победа.

Состави

Марко Силва

4-2-3-1

    Томас Франк

    4-2-3-1